SportM
Фудбал

Се смета за главен ривал на Инфантино, Ал-Келаифи ја донесе одлуката за претседателство на ФИФА

SPORTM.mk1 окт 2026
Се смета за главен ривал на Инфантино, Ал-Келаифи ја донесе одлуката за претседателство на ФИФА

Насер Ал-Келаифи нема намера да се кандидира за претседателство на ФИФА. Претседателот на Пари Сен-Жермен и на Европската асоцијација на фудбалски клубови (ЕФК) беше споменуван изминатите месеци како можен алтернативен кандидат против Џани Инфантино.

Сепак, тој реши конечно да ја исклучи таа можност. “Апсолутно немам никаков интерес за ФИФА, никаква амбиција да бидам таму. Не мислам дека сум вистинската личност и, искрено, немам желба да одам таму”, изјави Ал-Келаифи.

Раководителот од Катар повторно истакна дека е фокусиран на проектите кои веќе се развиваат во клупскиот фудбал, особено со ЕФК и новата иницијатива за светските фудбалски клубови, која беше презентирана на генералното собрание на асоцијацијата.

“Ми се допаѓа тоа што го правам и навистина уживам. Сакаме да продолжиме заедно да развиваме позитивни проекти. ФИФА не е за мене,” додаде Ал-Келаифи, завршувајќи ги така шпекулациите за можно изборно соочување со Инфантино.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.