SportM
Фудбал

Се спремаат откази: ПСЖ претрпува огромни промени, клубот оди во нов правец

Д М13 мар 2022
Се спремаат откази: ПСЖ претрпува огромни промени, клубот оди во нов правец

Францускиот великан ПСЖ и оваа сезона разочара во Лигата на шампионите.

Иако важи за еден од најбогатите клубови во светот, во кој има ѕвезди како Нејмар, Мбапе и Меси, тоа не им помогна ниту оваа сезона да стигнат до посакуваниот трофеј.

Сопствениците на ПСЖ, емирите на Катар се незадоволни од начинот на кој функционира тимот, па на крајот од сезоната ќе има големи промени и бројни заминувања од тимот.

Секако, прв на списокот за заминување е Килијан Мбапе, кој следната недела треба да потпише договор со Реал Мадрид, но одличниот напаѓач не е единствениот што ќе го напушти клубот.

Според познатиот новинар Ромен Молина, францускиот клуб се подготвува за сериозни промени, а клубот од следната сезона ќе ги нема претседателот Насер Ал Хелаифи, спортскиот директор Леонардо и тренерот Маурисио Покетино.

Очигледно одлуката за целосна реконструкција на клубот е донесена меѓу сопствениците на клубот, па извесно е дека ќе има бројни промени, како кај управата на клубот, но и кај фудбалерите.

Молина даде интересна изјава и за Лионел Меси.

„Кој ќе каже дека Лионел Меси е среќен во Париз, лаже“, изјави Молина.

Останува да видиме дали тоа е знак дека Аргентинецот ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, но промената секако ќе биде голема.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.