SportM
Фудбал

Се воведуваат нови правила во изборот на Златната топка, на штета на Роберт Левандовски!

Д М30 ное 2021
Се воведуваат нови правила во изборот на Златната топка, на штета на Роберт Левандовски!

Роберт Левандовски дефинитивно ја заслужи Златната топка, но човекот едноставно нема среќа.

Минатата година Левандовски требаше да ја добие наградата за се, а кога се очекуваше Златната топка конечно да оди во рацете на Полјакот, Франс Фудбал го откажа изборот поради пандемијата на коронавирус.

Една година подоцна, Левандовски беше на својот врв, без конкуренција, но наградата отиде во рацете на Лионел Меси, што предизвика бурни реакции во спортската јавност. Со должна почит кон Аргентинецот и освојувањето на Копа Америка и се што направи, оваа награда мораше да му биде доделена на напаѓачот на Баерн.

За утеха му беше доделена титулата „најдобар напаѓач“, која очигледно е „измислена“ само за да го утеши полскиот репрезентативец.

Франс фудбал следната година подготвува револуција и промена на правилата при изборот на Златната топка. Имено, планира да го продолжи гласањето до декември 2022 година. Зошто? Причината е едноставна. Станува збор за Светското првенство во Катар, кое започнува на 21 ноември и трае до 18 декември.

Во календарот на фудбалски настани ова ќе биде убедливо најважниот настан за следната година, па се чини логично е да се земе предвид ова при изборот на најдобриот фудбалер. Таа одлука може да биде кобна за Левандовски, бидејќи дури во март ќе игра бараж со Полска и прашање е дали воопшто ќе игра во Катар, а сепак ќе игра – не е реално да се очекува Полска да стигне до финалето на турнирот, што повторно во изборот за Златна топката повеќе им одговара на другите играчи кои настапуваат за поголеми и посилни тимови.

Ова правило може да му помогне на Килијан Мбапе ако направи нешто повеќе со Франција или пак Меси со Аргентина, а има и голем број бразилски ѕвезди како Нејмар или Винисиус Јуниор.

Така, за Левандовски патот до Златната топка ќе биде потежок од било кога и сега навистина се поставува прашањето дали овој човек некогаш ќе го добие ваквото признание и за се што направи во текот на кариерата – го заслужи.

Сепак, тој не е единствениот сјаен и голем фудбалер кој никогаш во кариерата не го добил ова признание. Доволно е да се каже дека оваа награда никогаш не отиде во рацете на еден Франческо Тоти…

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.