SportM
Фудбал

Се знае кој играч му заби нож во грб на Алегри?

Д М17 сеп 2022
Се знае кој играч му заби нож во грб на Алегри?

Јувентус е во сериозна криза и играчки и резултатски.

 

Старата дама делува непрепознатливо на стартот од новата сезона. „Бјанконерите“ ги загубија првите два меча од новата сезона во Лигата на шампионите и продолжувањето понатаму изгледа невозможно.

 

Масимилијано Алегри се соочува со најголеми критики досега, па дури и навивачите почнаа да му вртат грб, што претходно не беше случај.

Некои италијански медиуми почнуваат да шпекулираат дека односите на Алегри со играчите се сè само не одлични, па искусниот тренер има проблеми во соблекувалната.

 

„Кориере ди Торино“ пренесува дека грбот на Алегри го свртел играчот кој толку многу го посакувал и инсистирал да го доведе – Анхел Ди Марија.

 

Ди Марија е тип на играч што му требаше на Алегри. Аргентинецот одлично стартуваше со голот против Сасуоло, но потоа се случи повреда.

 

Во меѓувреме „пукна и љубовта“ меѓу Алегри и Ди Марија, а нивните односи многу се заладија и ништо не е исто како во август кога Ил Фидео пристигна во Торино.

Ди Марија полека се опоравува и се уште нема сили 90 минути, а по мечот против Бенфика отворено го праша Милик зошто Алегри го извади од игра и очигледно е сомнителен за некои потези на својот тренер.

Како што сега стојат работите, Јувентус не размислува за отпуштање на Алегри бидејќи би требало да му плати меѓу 10 и 15 милиони евра бидејќи има важечки договор до 2025 година.

 

Иако навивачите на Старата дама се многу гласни дека повеќе не сакаат да го гледаат Алегри како тренер на својот сакан клуб, на Макс му е јасно дека нема намера да поднесе оставка.

 

„Не чувствувам дека мојата работа е загрозена. Сосема е нормално ваквите моменти да се случуваат во фудбалот“, рече Алегри и додаде:

 

„Мораме да работиме напорно и да ја промениме целата ситуација. Имаме многу повредени играчи“, истакна тој.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.