SportM
Фудбал

Себаљос го замоли Реал да го врати од Арсенал, а тие експресно му најдоа нов клуб

Д М23 јан 2020
Себаљос го замоли Реал да го врати од Арсенал, а тие експресно му најдоа нов клуб

Шпанскиот репрезентативец Дани Себаљос летово пристигна во Арсенал на позајмица од Реал Мадрид.

Себаљос пристигна во Арсенал како големо засилување, но тој не играше многу во лондонскиот клуб. Шпанецот имаше проблеми со повредата и се очекуваше доаѓањето на Микел Артета да го смени неговиот статус во тимот.

Сепак, Себаљос воопшто не е во плановите на Артета што очигледно го излуди играчот од средниот ред. Денес е потврдено дека Себаљос го замолил Реал Мадрид да го раскине заемот и да му го врати на „Сантијаго Бернабеу“ бидејќи веќе не сака да биде член на Арсенал.

Себаљос сака да оди на Европското првенство со Шпанија, но сега нема шанси да се најде на списокот на Луис Енрике. „Marca“ известува дека Реал ќе го врати Себаљос од Арсенал, но дека веднаш ќе го испрати на нов заем.

Валенсија покажа интерес за Себаљос и тие контактираа со Кралевите кога слушнаа дека тој е незадоволен од Арсенал. „Лилјаците“ испратија понуда за заем до крајот на сезоната, што скоро сигурно ќе биде прифатено и сега само се чека Себаљос да ги напуште топџиите.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.