Connect with us

Фудбал

Сега и дефинитивно: Интер во една од најважните игри без Лукаку

Интер патува за Мадрид на натпреварот од 3. коло од групната фаза во Лигата на шампионите против Реал Мадрид, а Ромелу Лукаку не е во списокот.

Белгискиот напаѓач се повреди, го пропушти и дуелот со Парма во саботата, и сигурно е дека нема да биде во составот за овој важен натпревар од Лигата на шампионите.

Ова ќе биде сериозен хендикеп бидејќи Лукаку се покажа како клучен играч во тимот кој се бори за нокаут-фазата во Лигата на шампионите, откако постигна два бода во првите две кола.

Лукаку постигна седум голови оваа сезона и, според извештаите на медиумите во Италија и Шпанија, ќе го пропушти утрешниот натпревар со Реал Мадрид.

Тој постигна вкупно 41 гол на 58 натпревари во дресот на „нероаѕурите“ од пристигнувањето во 2019 година.