Connect with us

Фудбал

Сега сè е јасно: Барселона донесе одлука за Луис Суарез

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез вчера не беше во конкуренција за пријателскиот натпревар помеѓу Барселона и Гимнастика.

Со овој потег, Роналд Куман уште еднаш му соопшти на Суарез дека нема да смета на него и дека може да бара нов клуб. Суарез и Барселона преговараа веќе неколку недели бидејќи Уругваецот сака да го раскине договорот.

Суарез најчесто се поврзува со трансфер во Јувентус, но тој не сака некој да плати отштета за него, туку бара раскин на договорот за да го напушти „Камп Ноу“ како слободен агент.

„Мундо Депортиво“ вечерва објави дека лидерите на Барселона конечно „пресекоа“ и дека решиле да ја решат ситуацијата околу Суарез.

loading...

Наводно, Барселона се согласила да го раскине договорот со Суарез со заеднички договор, а Уругваецот ќе го напушти клубот без обештетување. Дали ќе ја продолжи кариерата во Јувентус или некој друг клуб, сигурно ќе се знае многу скоро.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com