Килијан Мбапе вечерва и официјално потврди дека ќе остане во ПСЖ.
ПСЖ на домашен терен игра против Мец во последното коло од Лига 1, а непосредно пред натпреварот клубот на фантастичен начин ги изненади навивачите.
Парижаните потврдија дека Мбапе ќе остане во клубот и дека потпишал договор до летото 2025 година иако сите веќе го виделе во дресот на Реал Мадрид.
Мбапе позираше со дрес на ПСЖ со број 2025 на него, што значи дека го продолжи договорот со овој клуб до летото 2025 година.
„Отсекогаш сум велел дека Париз е мојот дом. Сакам да освојувам титули овде и убаво да се забавувам“, изјави вечерва Мбапе и ги разреши сите дилеми околу неговата иднина.