Ракомет
СЕХА: Вардар повторно подобар од Војводина за Ф4
Ракометарите на Вардар ја совладаа Војводина во вториот натпревар од четвртфиналето на СЕХА лигата, овојпат во Нови Сад со 32:26 и се пласираа на завршниот турнир.
Mакедонскиот тим славеше двојна победа. Во реваншот беше малку потешко, а Војводина дури и го доби првото полувреме со 15:11. Сепак, во продолжението Вардар одигра многу подобро. Примија само 11 гола, направија пресврт и на крајот победија.
Кај победниците се истакна Гоца Георгијевски со 10 гола од исто толку обиди, без седерец. На другата страна Симо Шијан постигна девет гола.
Покрај Вардар, место на завршниот турнир избори и уште една македонска екипа, Пелистер, кој два пати го совлада Татран со 37:29 и 36:26, додека Партизан, кој победи на првиот меч во Белград, е на добар пат да обезбедување место меѓу четирите најдобри Веспрем 39:24. Тој натпревар унгарскиот тим го одигра со јуниори.