SportM
Фудбал

Секунди до катастрофа: Алексис за малку ќе го ’скршеше вратот’ пред навивачите

Д М10 авг 2022
Секунди до катастрофа: Алексис за малку ќе го ’скршеше вратот’ пред навивачите

Чилеанскиот напаѓач Алексис Санчез (33) е нов играч на Марсеј.

 

Искусниот 33-годишен напаѓач ја раскина соработката со тимот на Интер и потпиша двегодишен договор со францускиот гигант.

 

Алексис беше пречекан во Марсеј како голема ѕвезда. Навивачите на тимот од Велодром се во екстаза поради новото засилување на нивниот тим и се очекуваат големи работи од Чилеанецот.

Санчез веднаш по доаѓањето реши да ги поздрави навивачите на својот нов тим. За малку ќе го чинеше и искусниот напаѓач лесно можеше да се повреди обидувајќи се да ги поздрави навивачите.

 

Алексис истрча пред навивачите. Тој полетал со трчање да се поздрави, а потоа згазнал на една од потрошените димни бомби кои биле фрлени на подот и во еден момент изгубил рамнотежа.

За среќа, 33-годишниот фудбалер некако успеа да избегне пад. Тој остана на нозе и продолжи да трча поздравувајќи ги останатите навивачи придружувани од обезбедувањето.

 

Чилеанскиот напаѓач за малку ќе заработи една од најбизарните повреди во фудбалската историја и имаше голема среќа во оваа ситуација. Падот секако не би бил воопшто пријатен, особено пред огромен број фанови.

 

Алексис Санчез во претходните три сезони го носеше дресот на Интер. Со овој клуб ја понесе титулата шампион и освојувач на Купот, одигра 109 натпревари и постигна 20 голови.

 

Сепак, тој беше отпуштен во клубот ова лето. Се бараше решение за неговата иднина и на крајот беше пронајдено. Нему му биле исплатени пет милиони евра обештетување и му биле дадени бесплатни хартии.

 

Алексис не чекаше долго за нов клуб. Тој и пред раскинувањето на соработката со Нероаѕурите имаше договор со Марсеј, а на крајот го облече дресот на гигантите на францускиот фудбал.

 

Пред Интер, Санчез го носеше дресот на Манчестер Јунајтед, Арсенал, Барселона, Удинезе, Коло Коло, Ривер Плата и Кобрелоа каде ја започна својата кариера.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.