Connect with us

Фудбал

Селекторот на Уругвај: Моите играчи се најдобри во светот

Селекторот на фудбалската репрезентација на Уругвај, Диего Алонсо денеска изјави дека неговите играчи се „најдобри на светот“, додавајќи дека тоа го кажува „без ароганција“.

„Кога велам дека играчите на Уругвај се најдобри во светот, тоа го велам затоа што се мои. Тоа не е ароганција, никогаш. Тоа се чувства, тоа е она што го чувствувам – тие се мои, тие се најдобри. Тие за мене се мои деца, тие се најдобри на светот “, им рече Алонсо на новинарите пред утрешниот натпревар со Јужна Кореја.

Тој истакна дека нивното најдобро оружје е поврзаноста на играчите со уругвајскиот фудбал, односно начинот на кој се поистоветуваат со репрезентацијата.

„И најмалата одлука што ја донесоа во последните месеци, ја донесоа имајќи ја предвид репрезентацијата. Ова мора да не направи горди нас, техничкиот штаб, но и целата земја“, истакна Алонсо, осврнувајќи се на фактот дека Едисон Кавани и Луис Суарез летово го променија клубот со цел подобро да се подготват за Светското првенство.

Тој исто така додаде дека на тој натпревар нема да биде на располагање уругвајскиот дефанзивец, Роналд Аруахо, кој беше опериран на 28 септември поради повреда на десната бутна тетива и се уште е во фаза на опоравување.

Зборувајќи за натпреварот против Јужна Кореја кој се игра в четврток од 14 часот, селекторот на Уругвај истакна дека тие „не се само Сон (Хјунгмин)“.

Капитенот на репрезентацијата Диего Годин истакна дека ја почитуваат репрезентацијата на Јужна Кореја, која според него, е кокнурентна и динамична.

„Многу ги почитуваме, тоа е одлична селекција, многу конкурентна, многу динамична, со многу посебен стил на игра и играчи кои знаат како да направат нерамнотежа“, рече Годин.

Facebook

Реклама