SportM
Фудбал

Селтик и Лацио под истрага на УЕФА

Д М30 окт 2019
Селтик и Лацио под истрага на УЕФА

УЕФА покрена дисциплинска постапка против Селтик и Лацио во врска со она што се случи за време на нивниот натпревар во Лига Европа минатата недела.

Селтик беше домаќин на Лацио во Глазгов и славеше со победа од 2:1.

Лацио се најде во неволја поради „недозволено скандирање“ на неговите навивачи, и се верува дека повторно е расистички извик. Инаку, некои навивачи на римскиот клуб се крајно упорни во ваквото однесување, па токму затоа Лацио честопати има големи проблеми.

Селтик е исто така под истрага за недозволени скандирања, но и за недозволени транспаренти. Се верува дека УЕФА има најмногу проблеми со транспарентот што го прикажува лидерот на фашистичка Италија, Бенито Мусолини – обесен на столб на уличното осветлување.

Тоа беше провокација на навивачите на Селтик кон навивачите на Лацио, познати по своите десничарски политички верувања. На транспарентот, заедно со горенаведената слика, беше испратена порака: „Следете го вашиот водач“.

УЕФА треба да донесе официјална одлука за можни казни за двата клуба по 21 ноември.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.