SportM
Фудбал

Сензација во Кралскиот куп: Клубот од Мадрид го доживеа најголемото понижување во историјата!

Д М16 дек 2021
Сензација во Кралскиот куп: Клубот од Мадрид го доживеа најголемото понижување во историјата!

Оваа недела се играат натпреварите од Копадел Реј, поточно натпреварите од второто коло, а вечерва видовме големо изненадување.

Третолигашот Атлетико Балеарес го посрамоти членот на Примера и мадридскиот тим Хетафе.

Конечниот резултат гласеше 5:0 за тимот од Палма де Мајорка, кој најголемиот дел од својата историја го мина во четвртата и третата шпанска лига.

 

Домашните поведоа со 1:0 во шестата минута со голот на Орфила. Истиот играч зголеми на 2:0 во 44. минута на асистенција на Виларас, а претходно во 32. минута Кабако доби директен црвен картон и гостите останаа со играч помалку.

Подолу е вкупниот бродолом на Хетафе за еден од најтешките порази во историјата.

 

Диони погоди за 3:0 во 68. минута на додавање на Канари, а Мартинез во 71. минута ја затресе мрежата на мадридскиот клуб за 4:0.

 

Конечните 5:0 ги постави Виникус Танке во 89. минута од натпреварот, на асистенција на Хозе Фран.

 

Хетафе во својата историја има повисоки порази, но никогаш не примил пет гола од тим кој е рангиран две лиги послабо.

 

На ова да додадеме дека во оваа натпреварувачка рунда од тимовите од Ла Лига отпадна и тимот на Алавес.

 

 

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.