Поврзи се со нас

Фудбал

Сензација во Мадрид: Кадиз го победи Реал Мадрид!

Сосема неочекувано, Кадиз го совлада Реал Мадрид како гостин вечерва во рамките на 6. коло во ЛаЛига со минимални 1:0.

Единствениот погодок беше постигнат во 16-та минута кога Негредо со одличен удар со глава и асистираше на Лозано, а тој со многу среќа ја погоди мрежата на Кралевите.

Се очекуваше дека Реал ќе направи пресврт, но тоа не се случи. Реал ја имаше топката во свој посед, но немаше реални можности. Кадиз можеше да го реши натпреварот во неколку наврати претходно, но тој остана 1:0.

Овие два тима сега ги држат првата и втората позиција, а Реал има натпревар помалку, и подобра гол-разлика.

Ова е прв пораз на Реал во новата сезона, и секако вечерва избраниците на Зинедин Зидан приредија негативно изненадување за своите навивачи.

Кадиз за разлика од Реал продолжи со одлични игри.

Лалига, 6. коло:

Реал Мадрид – Кадиз 0: 1

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама