Сергино Дест тажен по првото „Ел Класико“ во неговата кариера

Сергино Дест не можеше да биде задоволен со своето прво „Ел Класико“.
Дест летово се пресели од Ајакс во Барселона, а во своето прво „Ел Класико“, дефанзивецот претрпе пораз, бидејќи вчера Реал Мадрид победи со 3-1 на стадионот „Камп Ноу“.
“Ел Класико е многу убава игра за играње. Тоа беше мојот прв, но штета е затоа што загубивме од Реал Мадрид”, рече тој по мечот за „Мовистар“.
„Беше многу тежок натпревар. Имавме шанси, исто како нив, но тие беа малку поуспешни и постигнаа голови, за жал не дадовме доволно. Ние мора да продолжиме да работиме и да одиме на победи на следните натпревари. Играме против Јувентус во среда, мора да победиме “, додаде тој.
Дест го имаше својот прв старт за тимот на Роналд Куман во поразот во Примера од Гетафе, а исто така одигра 90 минути против Ференцварош во Лигата на шампионите. По заминувањето на Нелсон Семед во Вулверхемптон, Дест станува прва опција на позицијата десен бек.



