SportM
Фудбал

Серхио Рамос има нова тетоважа: Му ја посвети на еден човек

Д М24 мај 2021
Серхио Рамос има нова тетоважа: Му ја посвети на еден човек

Серхио Рамос е еден од оние кои одат на одмор наместо на Европското првенство.

Рамос остана без титула во Шпанија, неговиот Реал Мадрид заврши зад Атлетико, а наскоро пристигна уште една непријатна вест за искусниот стопер – тој не беше поканет на ЕУРО.

Но, барем ќе има доволно време за целосен одмор и да донесе одлука каде ќе ја продолжи кариерата. Потсетуваме, неговиот договор со Реал истекува на крајот на јуни и сè уште не е постигнат договор за продолжување на соработката.

Во меѓувреме, Рамос го украси своето тело со друга тетоважа, а интересно, тој му ја посвети на уметникот Камарон де ла Исла. Рамос му се восхитува на кантавторот од Сан Фернандо, па реши да го истетовира ликот на ногата.

Тешко е да се најде дел од телото на Рамос на кој нема тетоважа, но тој сепак најде простор за голем уметник.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.