Серхио Рамос пред заминување од Реал Мадрид
Д М29 јан 2021

Серхио Рамос би можел да го напушти Реал Мадрид по 16 години.
Капитенот на Реал Мадрид не може да се договори со клубот за нов договор и се поизвесно е дека од следната сезона ќе го видиме 34-годишниот дефанзивец на некое друго место.
Преговорите престанаа поради пари. Според шпанските медиуми, Рамос не сака да отстапи 10 проценти од платата во понудениот нов двегодишен договор и тука лежи целосниот проблем.
Ел Кирингито уште тврди дека Рамос е многу близу до одлуката да си замине дефинитивно и дека воопшто не одговорил на понудата на клубот, па останува да видиме дали Рамос навистина ќе го напушти клубот во чии редови бил повеќе од деценија и пол.
Рамос освои апсолутно сè со Реал. Одигра 668 натпревари за клубот и постигна 100 погодоци.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



