Connect with us

Фудбал

Серхио Рамос прв го коментираше доаѓањето на Азар во Реал Мадрид

Белгискиот репрезентативец Еден Азар е првото големо засилување на Реал Мадрид за новата сезона.

Кралскиот клуб конечно го заврши трансферот и потврди дека Азар е новиот играч на овој тим. Азар на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна од Челзи и за Реал потпиша петгодишен договор.

Јасно е дека Флорентино Перез сака да ги врати кралевите на самиот врв, а Азар треба да биде најголема добивка за новата сезона. Пристигнувањето на Азар ги израдува навивачите на Реал, но исто така и играчите на овој клуб.

Прв кој се огласи по трансферот беше капитенот на Кралскиот клуб Серхио Рамос, кој не ја криеше радоста дека Азар потпиша договор со Реал.

„Тоа е фантастично засилување“, Азар е играч од светска класа и сигурно ќе има огромен поттик за нашиот тим. Задоволен сум од подготовките за новата сезона во однос на засилување“, рече Рамос.

Капитенот на Реал ги дофати и приказните од пред неколку недели кога претпоставувал дека ќе го напушти клубот бидејќи добил исклучително богата понуда од Кина. Поради оваа причина, тој дури и организираше прес-конференција.

„Морав да организирам прес и да ја затворам оваа страница, луѓето веќе не зборуваат за тоа, тоа е најважно. Среќен сум што можам да играм за Реал и сакам да останам таму што е можно подолго“, додаде Рамос.