SportM
Фудбал

Sвезда од серија А: Му благодарам на Симеоне, но за една работа не беше во право

Д М30 окт 2019
Sвезда од серија А: Му благодарам на Симеоне, но за една работа не беше во право

Во интервју за „Хаблмос де Футбол“, напаѓачот на Аталанта, Алехандро Папу Гомез, зборуваше за неговите години во Бергамо и неговото искуство со Диего Пабло Симеоне во Катанија.

„Симеоне ме научи многу. Тој ме активираше како напаѓач и се враќав полека во одбрана”, рече Папу.

„Му испратив порака да му се заблагодарам за тоа што ме научи. Но, за едно не беше во право: тој рече дека во Европа можам да играм само на таа позиција, додека сега покривав многу улоги“.

Што се однесува до иднината: „Јас бев во Бергамо пет години и капитен на тимот три години. Клубот расте на многу начини. Не знам дали ќе ја завршам кариерата овде, тешко ми е да гледам на друго место. Ќе живеам овде додека не се пензионирам од фудбалот“.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.