SportM
Фудбал

Сериозен шок за Мурињо и сите во Рома се случи на тренингот

Д М22 авг 2022
Сериозен шок за Мурињо и сите во Рома се случи на тренингот

Амбициите на Рома доживеаја сериозен удар по последниот тренинг.

 

Рома минатата сезона ја освои Конференциската лига, а во текот на преодниот рок ангажираше голем број одлични играчи и создаде ривалски тим кој ќе се бори за врвот во Серија А.

 

Меѓу новите лица во соблекувалната е и Џорџинио Вајналдум, кој пристигна од ПСЖ на позајмица со можност за откуп на договорот.

Холанѓанецот требаше да биде големо засилување, но тоа нема да биде случај по денешната шокантна сцена на тренинг.

 

Имено, Рома потврди дека 31-годишникот ја повредил десната тибија и дека сега ќе оди на неколкумесечно закрепнување.

 

На Холанѓанецот во наредните денови ќе му бидат извршени дополнителни прегледи, но веќе е јасно дека го чека долга пауза.

Со оглед на сериозноста и тежината на повредата, веќе е јасно дека Вајналдум нема да го видиме на Мундијалот во Катар каде како капитен требаше да ги води популарните лалиња.

 

Среќата во несреќата е што до крајот на преодниот рок останува доволно време на Рома да донесе адекватна замена.

 

Вајналдум ги одигра првите минути за Рома против Салернитен и се очекуваше да започне против Кремонезе во второто коло.

 

Поранешниот играч на Ливерпул имаше сезона за заборав во ПСЖ, се надеваше дека ќе се врати во својата препознатлива форма во Рим, но судбината имаше други планови за него.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.