Сезоната штотуку заврши, а Инзаги веќе отпиша половина од тимот на Интер

Интер не успеа да ја одбрани титулата во Италија иако во поголемиот дел од сезоната беше на првото место во Серија А.
По првиот дел од сезоната се очекуваше Интер лесно да дојде до новото Скудето, но клубот од Меаца успеа да ја загуби сета таа предност со неколку неочекувани грешки, а на крајот Милан знаеше како да ја искористи.
Оваа сезона не е целосен колапс на Интер, бидејќи овој тим успеа да ги освои Купот и Суперкупот на Италија, од кои секако можам да бидам задоволен на Меаца.
Сепак, веќе е јасно дека Интер на лето ќе направи одредени промени во играчкиот кадар. Иако сезоната штотуку заврши, се чини дека веќе се познати имињата на некои играчи кои ќе го напуштат клубот.
Фабрицио Романо утринава објави дека Алексис Санчез и Артуро Видал речиси сигурно ќе го напуштат Интер ова лето, а Симоне Инзаги им порача дека нема да смета на нив следната сезона, и дека најдобро е среќата да ја бараат во друг клуб.
Arturo Vidal and Alexis Sanchez are set to leave Inter in the coming weeks. Work in progress for both of them to find a new club, Vidal's already in well advanced talks with Flamengo. 🇨🇱 #Inter
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 23, 2022
Видал одамна реши да го напушти Интер ова лето, а како што стојат работите кариерата ќе ја продолжи во Бразил во дресот на Фламент. Што се однесува до Алексис, интерес покажаа неколку клубови, но се уште нема конкретни понуди.
Покрај двајцата Чилеанци, на лето Интер се очекува да го напуштат Јонут Раду, Алекс Кордаз, Андреа Ранокија, Александар Коларов, Роберто Гаљардини, Матиас Вечино и Фелипе Каиседо.



