SportM
Фудбал

Шалке официјализираше уште еден јануарски трансфер

Д М25 јан 2021
Шалке официјализираше уште еден јануарски трансфер

Шалке 04 официјализираше уште еден трансфер, а тоа е Бразилецот Вилијам.

Споменатиот фудбалер доаѓа на позајмица од редовите на Волфсбург. Се работи за полусезонска позајмица, а Шалке ќе има можност да купи договор во текот на летото, во зависност од ситуацијата, односно дали ќе преживее во Бундеслигата.

Пред Вилијам, Рударите ги вратија во своите редови Сеад Колашинац и Клас-Јан Хунтелар, а до крајот на Бундеслигата ќе имаат тешка задача да преживеат.

Што се однесува до Вилијам, тој пред да дојде во Европа во редовите на Волфсбург, тој играше за бразилскиот Интер и култниот Интернасионал.

Со изборот на Бразил, тој освои златен медал на Олимписките игри 2016 година.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.