Connect with us

Фудбал

Шампионот на Македонија остана без најдобриот стрелец, се сели во Шкендија

Шампионот на Македонија, Струга Тим Лум остана без најдобриот стрелец Бесарт Ибраими. Како што објавија повеќе медиуми, двете страни спогодбено го раскинале договорот. Според, засега непотврдени информации напаѓачот кариерата ќе ја продолжи во Шкендија, каде што играше пред неколку сезони. Искусниот фудбалер, кој има 37 години, дресот на Шкендија го носеше од 2015-та до 2021 година, а на 175 мечеви постигна 111 голови.

Инаку, Бесарт Ибраими е рекордер во МПФЛ и дури пет пати бил најдобар стрелец во лигата.