„Шевролет“ го враќа Роналдо во Англија?!

Англиските медиуми објавија дека производителот на автомобили „Шевролет“ одлучил да го врати Кристијано Роналдо во Англија. Како? Па, овој автомобилски гигант го продолжи спонзорскиот договор со Манчестер Јунајтед и сега има намера да вложи поголема сума на пари за да го донесе Португалецот на „Олд Трафорд“.
Во „Шеврлоет“ знаат дека Роналдо може да се исплати на повеќе начини, како на пример дека само неговото име е доволно да се зголеми бројот на продадени дресови, да скокнат акциите на клубот, како што тоа беше во случајот кога Португалецот се пресели во Јувентус од Реал Мадрид.
Сепак, најголемата пречка би можела да биде неговата огромна плата. Во моментов Роналдо добива преку 30 милиони евра по сезона, но засега ништо не е исклучено доколку „Шевролет“ одигра улога и во исплаќањето на неговата плата.
Chevrolet ‘ready to help finance' huge Cristiano Ronaldo transfer to Man Utdhttps://t.co/Y9wQu3MQuH pic.twitter.com/PmEffmvp25
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) December 7, 2020



