SportM
Фудбал

Шкендија со “петарда” за противникот во Конференциската лига

Редакција9 јул 2026
Шкендија со “петарда” за противникот во Конференциската лига

Македонскиот вицешампион Шкендија ја оправда фаворитската улога на гостувањето против Европа во Гибралтар и со убедлив триумф вечерва од 5-0 (1-0) речиси сигурно го обезбеди пласманот во второто квалификациско коло во Конференциската лига.

Ндезенге во 28. минута го отвори резултатот, а во продолжението Тамба влезе од клупата за резерви и со два гола во 52. и во 75. минута ги разреши сите дилеми околу победникот.

До крајот на натпреварот, новото засилување Криезиу во 83. и Ибраими во 88. минута ставија печат на победата на Шкендија.

Реваншот против противникот од Гибралтар во рамки на првото квалификациско коло во Конференциската лига е закажан за 16 јули на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20 часот.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.