Шкупи го прегази Вардар
Редакција30 мар 2024

Победа за Шкупи против Вардар и нерешено на дуелот во Кавадарци е епилогот на попладневните две средби од 25. коло на македонскиот фудбалски шампионат.
Шкупи во Чаир дои победата дојде со три гола постигнати во второто полувреме, а исто така и на другиот меч стрелци погодуваа во вторите 45 минути.
Резултати на двата денешни натпревара од 25. коло на Првата македонска фудбалска лига:
Шкупи – Вардар 3:0
Тиквеш – Силекс 1:1.
Утре се играат преостанатите четири средби од ова коло. Двојките се:
Брера Струмица – Работнички
Гостивар – Македонија ЃП
Шкендија – Брегалница
Струга ТЛ – Воска Спорт.
Табела: Струга 51 бод, Шкупи 51, Шкендија 45, Силекс 36, Тиквеш 33, Гостивар 32, Брера 27, Работнички 27, Вардар 26, Брегалнива 22, Македонија ЃП 21.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



