SportM
Фудбал

Шкупи ја победи Шкендија, Струга со пресврт до бодовите во Кавадарци

Д М3 дек 2023
Шкупи ја победи Шкендија, Струга со пресврт до бодовите во Кавадарци

Во дерби натпреварот од 17. коло на Првата македонска фудбалска лига, Шкупи попладнево ја победи Шкендија со 1:0.

Победоносниот гол на Чаир го постигна Кристијан Трапановски во 38. минута.

Актуелниот шампион Струга Трим Лум до трите бода во Кавадарци дојде со голем превсрт, откако домаќините по 15-ина минути игра поведоа со 2:0.

Во ова коло деби победа на клупата на Работнички забележа тренерот Гоце Седлоски.

Резултати на денешните средби од ПМФЛ:

Брегалница – Воска Спорт 2:2
Работнички – АП Брера Струмица 1:0
Шкупи – Шкендија 1:0
Силекс – Гостивар 1:1
Тиквеш – Струга ТЛ 2:3.

Вчера, Македонија ЃП – Вардар 0:1.

Табела: Шкупи 35 бода, Струга 33, Шкендија 32, Силекс 24, Работнички 23, Тиквеш 22, Гостивар 21, АП Брера 20, Македонија ЃП 18, Воска 17, Брегалница 17, Вардар 14.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.