SportM
Фудбал

Шкупи поразен од Балкани во плејофот за групната фаза во Лигата на Конференции

Д М19 авг 2022
Шкупи поразен од Балкани во плејофот за групната фаза во Лигата на Конференции

Македонскиот шампион Шкупи доживеа пораз со 1:2 вечерва во првиот натпревар од баражот со Балкани за групната фаза од Конференциската лига на УЕФА.

Чаирчани имаа повеќе шанси, но само еднаш ја затресоа мрежата на гостинот од Сува Река кој задоволен ќе го чека реваншот на свој терен

Шкупи прв дојде во водство на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје преку Сандеј Адетунџи во 19.минута. По само четири минути израмни Албион Рахмани, а Меритон Кореница во 67.минута ги постави конечните 2:1.

Реваншот ќе се игра по седум дена во Косово.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.