„Шлаканица“ на Меаца: Зовре на врвот во Серија А

Зовре на врвот во италијанската Серија А по 26. коло.
Милан вчера се сопна и ремизираше 2:2 на гостувањето кај навивачите на Салернитана, а вечерва нивниот главен конкурент во борбата за титулата и градски ривал Интер, доживеа уште поголема „шлаканица“.
Нероаѕурите беа поразени од Сасуоло на домашен терен со 0:2 и со тоа пропуштија можност да се вратат на лидерската позиција на табелата.
Гостите поведоа со 0:1 во осмата минута кога Распадори ја затресе мрежата на домаќините, во 26. минута повторно студен туш на Меаца, Скамака погоди за 0:2 и резултатот од првото полувреме.
На почетокот на вториот дел Инзаги ги фрли сите карти во нападот. Во 46. минута наместо Галиардини во игра влезе Един Џеко, па Интер беше во тотална офанзива со Санчез, Мартинез и Џеко.
Домаќините успеаја да постигнат гол преку Де Вриј во 94. минута од натпреварот, но по ВАР беше поништен, па Сасуоло постигна големи три бода.
По 26 кола, Милан е лидер со 56 бодови, Интер има 54, Наполи 53, а Интер и Наполи имаат натпревар помалку од Милан.



