SportM
Фудбал

Шлаканица за ПСЖ: Реал Мадрид официјализираше голем трансфер!

Д М11 јун 2022
Шлаканица за ПСЖ: Реал Мадрид официјализираше голем трансфер!

Реал Мадрид официјализираше нов голем трансфер, откако минатата недела беше официјализирано доаѓањето на Антонио Рудигер.

Имено, 22-годишниот Аурелиен Чоамени и официјално е нов член на Реал Мадрид. Францускиот репрезентативец во редовите на европскиот шампион доаѓа од Монако.

Кралевите за младиот играч за врска платија 80 милиони евра, додека ќе платат уште 20 милиони евра на име можни бонуси.

ПСЖ го сакаше талентираниот играч за врска, но овој играч не се однесуваше како Килијан Мбапе и на крајот го избра Реал.

Чоамени многумина го гледаат како легитимен наследник на Касемиро, бидејќи запирањето на непријателските напади е една од неговите главни карактеристики.

Тој потпиша договор со Реал Мадрид до 2028 година. Покрај ПСЖ, Кралевите беа побрзи од Ливерпул, а повикот на Јирген Клоп не беше доволен за Чоамени да се премисли.

Ги мина младинските селекции на Бордо, а во Монако пристигна пред две години. Монако го платија 18 милиони евра, а сега го продадоа за многу поголема сума.

Во последната сезона одигра повеќе од 50 клупски натпревари, а може да се каже дека на Бернабеу пристигнува со одредено искуство, без разлика што има 22 години.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.