SportM
Фудбал

Шмит цели кон полуфинале, може ли Бенфика конечно да го тргне проклетството на Бела Гутман?

Д М8 мар 2023
Шмит цели кон полуфинале, може ли Бенфика конечно да го тргне проклетството на Бела Гутман?

Бенфика ја започна сезоната во август во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, очекувањата не беа големи по лошата сезона, но од коло во коло тимот покажуваше напредок под водство на Шмит.

Фудбалскиот тренер на Бенфика, Роџер Шимит изјави дека нема лесни противници во финалната фаза од Лигата на шампионите и дека тимот ќе даде се од себе за да се пласира во полуфиналето на најелитното европско натпреварување.

Бенфика синоќа се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако во реваншот од осминафиналето го совлада Бриж со 5:1. Во првиот натпревар португалскиот тим победи со 2:0, па се пласираше со вкупен резултат 7:1.

„Во оваа фаза од Лигата на шампионите, противниците се секогаш добри, мораме да ги почитуваме сите. “ рече Шмит .

Бенфика ја започна сезоната во август во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, очекувањата не беа големи по лошата сезона, но од коло во коло тимот покажуваше напредок под водство на Шмит.

Бенфика ја мина групата со Пари Сен Жермен и Јувентус како првопласирани и останатите екипи нема да ја сметаат за лесен противник на ждрепката што ќе се одржи на 17 март.

Доколку се пласира меѓу четирите најдобри екипи, тоа ќе биде првпат по 1990 година Бенфика да игра во полуфинале, кога загуби од Милан.

Имавме голема почит кон Бриж, а сега веќе се вртиме во следната рунда. Без разлика кој ќе ни биде противник, ќе играме на ист начин“, изјави напаѓачот на лисабонскиот тим Гонсало Рамос.

Бенфика сезонава загуби само еднаш во 42 натпревари и е непоразена на 19 натпревари на домашен терен. Тимот е непоразен на последните 13 натпревари во сите натпреварувања, со 11 победи.

Познато е проклетството што легендарниот Бела Гутман им го изрече на клупските челници во 1962 година, дека „ќе поминат 100 години без Бенфика да освои ниту еден европски трофеј“.

Дали ќе се случи чудо?

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.