Фудбал
Шок – Варан слободен да преговара, сега?!

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед одлучи да не ја активира опцијата за продолжување на соработката со Рафаел Варан до летото 2025 година.
Јунајтед имаше рок до оваа зима да го извести Варан дали автоматски ќе му го продолжи договорот на уште една сезона, а управата реши да не ја активира опцијата за продолжување на соработката.
Клубот процени дека платата на Варан од 340.000 фунти неделно е огромна поради бројните повреди, лошата форма и несогласувањата со менаџерот Ерик тен Хаг.
Бидејќи неговиот актуелен договор истекува на 30 јуни 2024 година, Варан веќе е слободен да преговара со својот иден клуб.
Претходно интерес за него пројави Баерн Минхен, се споменуваше и враќање во Реал Мадрид, но се остана во доменот на гласини.
Сепак, бидејќи е јасно дека договорот на Варан истекува на лето, не е невозможно сега некој да понуди пари и да го донесе со попуст, бидејќи Јунајтед од неговото заминување може да заработи само до 31 јануари годинава.
Која е најдобрата опција за Рафаел Варан?