SportM
Фудбал

ШОК ВО РИМ! Тоти рече ЗБОГУМ после 30 години!

Д М15 јун 2019
ШОК ВО РИМ! Тоти рече ЗБОГУМ после 30 години!

„Принцот од Рим“, според италијанските медиуми, одлучи да го напушти саканиот клуб! Франческо Тоти одлучи да ја напушти Рома, а во понеделник на прес-конференција ќе ја објасни подетално неговата одлука за напуштање на клубот.

Наводно, во мај тој мислеше да се повлече од управата, но сега ја донесе конечната одлука. Што ќе се случи можеше да се претпостави минатата недела кога Тоти не се појави на состанокот на управат, која беше организирана во Лондон од првиот човек на клубот.

Тоти, наводно, не е задоволен од конкретните избори на клубот, не му се допадна што клубот се раздели со Масар, ниту фактот дека Петраки бил ангажиран.

Тоти е во Рома од 1989 година, кога имал 13 години стигна во академијата на клубот. Три години подоцна тој се приклучил на првиот тим, дебитирајќи на 28 март 1993 година, кога Вујадин Бошков му пружи шанса на 16 години.

Тој се повлече во 2017 година, по 786 официјални натпревари и 307 гола, тој со “Волчицата” освои Серија А, два Италијански купови и два Суперкупа на Италија. Тој никогаш не го променил клубот во својата кариера во кариера, по завршувањето на својата кариера, тој стана функционер во редовите на омилениот клуб, но сега по 30 години заминува.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.