Шок за Јунајтед, Ериксен мора да паузира долга, пристигнува итна замена од Баерн?!

Манчестер Јунајтед денеска потврди дека Кристијан Ериксен заработил тешка повреда и дека ќе отсуствува долго време.
Според последните информации на „Олд Трафорд“, Данецот ќе паузира околу три месеци и би можел да се врати на терените можеби дури на крајот на сезоната, на почетокот на мај.
Ова е голем удар за Ерик тен Хаг, бидејќи Ериксен беше важна врска помеѓу одбраната и нападот, заедно со Касемиро, а зад Бруно кој имаше повеќе слобода и игра напред со него.
Ериксен практично нема соодветна замена, аут до крајот на сезоната е и Дони ван де Бик, а друг профил на играч е Фред.
А набргу потоа се појави бомбашка информација дека Манчестер Јунајтед може да го доведе Марсел Сабисер од Баерн Минхен!
На играчот од средниот ред не му оди во Минхен, на лето пристигнува Конрад Лајмер и не е невозможно Баерн сега да го пушти.
Јунајтед го работи неговиот трансфер по забрзана процедура, а голема е веројатноста дека единствена реална опција е позајмица до крајот на сезоната.
Добар потег или не?



