SportM
Фудбал

Шок за славеникот Мурињо: Поништена победата на Рома во 91-та минута

Д М5 фев 2022
Шок за славеникот Мурињо: Поништена победата на Рома во 91-та минута

Фудбалерите на Рома и Џенова одиграа нерешено 0:0 во првиот натпревар од 24. коло на италијанската Серија А.

Рома беше апсолутен фаворит на „Олимпико“ против претпоследниот тим на табелата, но избраниците на Жозе Мурињо не успеаја да го најдат патот до голот.

Навистина, Никола Заниоло успеа да го направи тоа во 91. минута, но по консултација со ВАР системот, голот беше поништен бидејќи Абрахам направи прекршок во нападот на почетокот од акцијата.

Тоа предизвика негодување кај Рома, па голгетерот Заниоло неколку минути подоцна доби црвен картон најверојатно поради приговор. На крајот мораше да го смири Жозе Мурињо, за кого овој меч беше јубилеен 100-ти во Серија А. Сепак, тој не сакаше да слави.

Рома имаше играч повеќе во 68. минута бидејќи норвешкиот Естигорд доби црвен картон, кој влезе во игра во 45 + 1. минута. Но, играчот повеќе не му помогна да го скрши отпорот на гостите.

По ова реми Рома е шеста со 39 бодови, Ѓрнова претпоследна 19-та со само 14 бодови.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.