Connect with us

Фудбал

Шокантни вести од Африка: Обамејанг и двајцата соиграчи имаат срцеви проблеми

Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг (32) е уште еден во низата фудбалери кои имаат проблеми со срцето.

Оваа вест вечерва ја соопшти Фудбалската асоцијација на Габон пред натпреварот од африканското првенство против Гана.

„По прегледот, лекарската комисија соопшти дека играчите Пјер-Емерик Обамејанг, Аксел Меје и Марио Ламина имаат проблеми со срцето. Не сакавме да ризикуваме со нивниот настап“, беше објавено.

Овие фудбалери во минатото биле заразени со коронавирус и штотуку излегле од изолација.

Во овој случај сигурно ќе има дополнителни прегледи, бидејќи делува сосема неверојатно тројца фудбалери да имаат проблеми со срцето.

Да потсетиме, денеска и Баерн објави дека нивниот одличен фудбалер Алфонсо Дејвис има проблеми со срцето и извесно време нема да игра фудбал.

Реклама

Facebook

Реклама