SportM
Фудбал

Шокантно видео од улиците на Наполи: Пиштол, репетирање и грабеж, а потоа на сцената настапи Инсиње

Д М23 јун 2020
Шокантно видео од улиците на Наполи: Пиштол, репетирање и грабеж, а потоа на сцената настапи Инсиње

Страста на граѓаните на Неапол кон фудбалскиот клуб Наполи е тешко да се опише со зборови, но голем проблем на градот на југот на Италија е несигурноста на улиците.

Ноќта кога Наполи го совлада Јувентус и го освои шестиот италијански куп, навивачите излегоа на улиците за да го прослават големиот успех.

Беше снимена и шокантна сцена. Еден навивач на Наполи по име Салваторе бил опкружен со локална банда, која пукала со пиштол кон него и му украла скутер.

Откако се рашири приказната, на сцена стапи Лоренцо Инсиње, капитен на тимот и фаворит на сите навивачи.

Овој член од италијанската репрезентација висок 163 см, го купи скутер на Салваторе со кој страствениот навивач на Партенопите ќе може да оди на работа нормално во следниот период.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.