Поврзи се со нас

Фудбал

Шпанија изгуби голем талент: Ја избра Аргентина

Младиот фудбалер Лука Ромеро овој месец ќе наполни 16 години, а во меѓувреме реши да игра за репрезентацијата на Аргентина.

Шпанската фудбалска федерација го посети талентираниот фудбалер што го посакуваше во своите редови, но Ромеро истакна дека се чувствува како Аргентинец и дека е подготвен да ги брани боите на Аргентина во иднина.

Ромеро е играч на Мајорка. Роден во Мексико, тој ќе наполни 16 години на 18 ноември, а неодамна влезе во историјата како најмладиот играч што дебитираше на натпревар од Ла Лига.

Шпанците сакаа да избегнат уште една грешка како во случајот со Лионел Меси, кој не беше убеден на време да ја избере Шпанија наместо Аргентина, но Лука е решен во иднина да игра за Аргентина.

Тој се заблагодари на шпанската фудбалска федерација за интересот и потврди дека нема да ја менува репрезентацијата. Тој веќе играше за младата селекција на Аргентина, а наскоро би можел да дебитира и за сениорскиот тим.

loading...

Facebook