SportM
Фудбал

Шпанија на нозе поради зборовите упатени до Винициус: „Престани да се однесуваш како мајмун“

Д М16 сеп 2022
Шпанија на нозе поради зборовите упатени до Винициус: „Престани да се однесуваш како мајмун“

Бразилскиот репрезентативец Винисиус Жуниор е во одлична форма и на осумте одиграни натпревари досега постигна пет гола и забележа три асистенции.

 

Многу фанови и експерти посветуваат големо внимание на неговите фудбалски вештини и начинот на кој ги прославува постигнатите голови. Бразилецот често ја покажува својата прослава откако ја стави топката во мрежата со танцување, што често го прават бразилските и генерално јужноамериканските фудбалери.

 

Не секој го сака овој начин на славење. Напаѓачот сега беше критикуван од претседателот на Здружението на шпански агенти, Педро Кастро.

„Ако постигнете гол и сакате да танцувате самба потоа, одете на Самбодром (платформа за танчери во Рио де Жанеиро). На теренот треба да ги почитувате колегите и да престанете да се однесувате како мајмун“, рече тој на емисијата „El Chiringuito“ и предизвика голема бура.

 

Водителот на програмата, откако го слушнал зборот „мајмун“, го прекинал говорот на Кастро и јасно се згрозил, велејќи му: „Не можеш така да ги нарекуваш луѓето, немој да го правиш тоа повеќе“.

https://twitter.com/realfutebolnews/status/1570594873706950657?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1570594873706950657%7Ctwgr%5E83e57e37649ed4fe1f8871f31501008f70d3a08e%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fvinicius-uvrede%2F434161

Бразилската новинарка Раиса Симплицио исто така ги критикуваше зборовите на Кастро.

 

„Тоа е некаков циркус, непочитување и расизам. Апсурд. Не дозволувај да ти застане на патот, Вини, на некои луѓе толку им пречи успехот и талентот“, напиша таа на Твитер.

 

Реал Мадрид во дербито в недела од 21 часот ќе игра против Атлетико. Пред овој натпревар зборуваше играчот од средниот ред Коке.

 

Шпанецот ја отвори темата за начинот на кој Винисиус ги прославува головите. „Неговата одлука е дали ќе одлучи да танцува по голот во недела или не. Ако го направи тоа, сигурно ќе има проблеми, тоа е нормално“, изјави Коке за Movistar +.

 

Неодамна шпанските медиуми го свртеа вниманието на неспортското однесување на Винисиус против Мајорка.

„Во највистинскиот стил на Нејмар од неговите денови во Барселона, во последните натпревари го видовме напаѓачот на Реал со многу поконтроверзен став, како ги понижува своите противници во тензичните моменти од натпреварот, им се смее во лице откако прославува гол или прави други понижувачки. гестови“, пишува „El Futbolero“.

Според медиумите, однесувањето на Бразилецот не им се допаѓа на неговите соиграчи кои во неколку наврати му објаснуваат дека треба да покаже поголема почит кон противниците.

 

Ова е нешто на што Бразилецот секако може да работи, но никој не може да го оспори неговиот талент и неверојатните способности, а благодарение на него Реал има шест бода во две кола во Лигата на шампионите, а 15 бодови во Ла Лига, со максимален сооднос од 5-0-0.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.