Шпанска „Марка“: Реал без Начо два до три месеци
E R2 окт 2019

Начо Фернандез, ќе биде надвор од терените два до три месеци, објави шпанска „Марка“.
Фудбалерот претрпе повреда на коленото во натпреварот од второто коло од групната фаза од Лигата на шампионите со Бриж, одигран синоќа, а кој заврши без победник 2:2.
На полувремето, Начо беше заменет. Кај 29-годишниот Шпанец е дијагностицирана повреда на лигаментот на десното колено.
Оваа сезона, Начо одигра три натпревари за Реал Мадрид на сите натпреварување.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



