SportM
Фудбал

Шпанската лига стартуваше со неочекуван пораз од Севиља во Памплона

Д М13 авг 2022
Шпанската лига стартуваше со неочекуван пораз од Севиља во Памплона

Започна шпанската Примера.

 

Шпанската лига беше отворена во Памплона со дуелот помеѓу Осасуна и Севиља, а конечниот резултат беше 2:1.

 

Само неполни девет минути ни требаа да го видиме првиот гол сезонава, а истиот го постигна Чими Авила за водство на Осасуна.

 

Радоста на домаќините не траеше долго, со оглед на тоа што Папу Гомез одлично го стави Рафа Мир, а овој погоди за израмнување.

 

Севиља можеше целосно да ја сврти топката во 39. минута, но Томас Дилејни ја погоди само стативата.

 

Ако беше асистент во 11. минута, и направи лоша услуга на својот тим во 72. Папу Гомез реализира пенал, а Аимар Ороз погоди за ново водство на Осасуна.

 

Во следното коло Осасуна ќе го пречека Кадиз, а Севиља на Ваљадолид.

Денес не очекуваат уште три натпревари од шпанската лига, Селта – Еспањол, Ваљадолид – Виљареал и Барселона – Рајо Ваљекано.

 

За в недела се закажани и три натпревари: Кадиз – Сосиедад, Валенсија – Жирона и Алмерија – Реал Мадрид.

 

Преостанатите три натпревари ќе се играат во понеделник, а двојките се следни: Билбао – Мајорка, Хетафе – Атлетико и Бетис – Елче.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.