Шпански „Спорт“ со „0“ ја оцени играта на Ракитиќ и Кутињо на реваншот со Ливерпул
Д М8 мај 2019

Каталонските упатија многу критики до играчите на Барселона за нивното издание во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите со Ливерпул (0:4).
Изданието „Спорт“ им додели оценка 0 (нула) на играчите од средниот ред Филипе Кутињо и Иван Ракитиќ. Највисоки оцени, петки, добија Артуро Видал и Лионел Меси.
И „Ел Мундо Депортиво“ беше разочаран од каталонскиот тим. На сите фудбалери од Барселона, на скалата од еден до пет им даде, една ѕвезда, а само на Видал две.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



