Други спортови
Штипјанка освои бронза на ЕП во борење, но за Бугарија, не за Македонија- Одговорот нека го дадат надлежните!
Родената штипјнака Андреа Нисева изминатиов викенд на Европското првенство во борење за кадети (до 17 години) во Скопје освои бронзен медал, но не за Македонија, туку за репрезентцаијата на Бугарија која и овозможи добар подготвителен период, иако желбата беше да се бори за македонската репрезентација, пренесува Ипон.мк
Сепак. Нисева вели јас сум штипјанка, а градот го смета овој медал за свој, бидејќи тука учам, спортувам, другарувам, растам….
-Се борам за Бугарија бидејќи не ми е дозволено од Боречката федерација и мојот клуб Олимпија го дискриминираат и не му даваат право за настап. Цела Македонска јавност веќе го знае проблемот и знаат дека многу борачи од Олимпија се натпреваруваат за друѓи клубови, како на пример Чаир и Вардар. Препорачувам на сите млади никогаш да не се откажуваат од своите сониште без разлика каква препрека им претстои на патот и само со труд и напорна работа можат да ја достигнат својата цел.
Министерот беше во Штип и вети пред целата јавност дека ќе го реши проблемот со дискриминацијата, но од тоа ветување ни трага ни глас, единствена поддршка и надеж имаме од Македонскиот олимписки комитет и претседателот Даниел Димевски.
Целото интервј на Ипон.мк