SportM
Фудбал

Што ќе каже Барселона за ова? Секој детаљ е важен, Реал Мадрид се пожали на Ла Лига за распоредот

Д М22 јун 2020
Што ќе каже Барселона за ова? Секој детаљ е важен, Реал Мадрид се пожали на Ла Лига за распоредот

Реал Мадрид и Барселона се на осум кола пред крајот и војната за титулата дефинитивно трае.

После победата во Сан Себастијан во неделата вечерта, Реал го зазеде врвот иако имаат ист број на поени како Барселона, која одигра 0-0 со гостувањето кај Севилја во саботата.

Има повеќе и повеќе тензии во Шпанија. Се разгледуваат секој детаљ, а Ла Лига јавно го објави распоредот на 33-то и 34-то коло, па во Мадрид забележаа дека ќе имаат помалку одмор од своите ривали, Барселона. Ќе имаат вкупно 72 часа одмор помеѓу двата меча, додека Каталонците ќе имаат пауза од скоро пет дена.

Во 33-то коло, Реал доцна во четврток ќе игра против Атлетик на Сан Мамес, а тие ќе се сретнат со Алавес во недела попладне. Од друга страна, Барселона ќе игра против Атлетико во 33-то коло, но во вторник, два дена пред Реал, а следниот натпревар ќе го одигра во недела навечер против Виљареал.

Ова значи дека Барселона ќе добие далеку повеќе простор за одмор во многу тесен распоред и во самиот финиш на првенството, што беше причината Реал да се жали во Ла Лига со барање во вакви околности клубовите да добијат еднаков третман.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.