Што мислат новите соиграчи за Халанд: Видовте ли што направи Де Брујн синоќа? (ФОТО)
Д М12 мај 2022

Манчестер Сити синоќа во 33.коло од Премиер лигата ги совлада „волците“ со 1:5.
Натпреварот на својот живот го одигра Кевин де Брујн кој постигна четири гола, Стерлинг еден, а утешен гол за домашните постигна Дендонкер во 11. минута.
Тоа беше прв натпревар на Сити откако беше потврдено дека норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд ќе го засили овој клуб на 1 јули, а се чини дека соиграчите едвај чекаат тој да им се приклучи.
Така Де Брујн синоќа прослави еден од своите голови на начин на кој тоа го прави самиот Халанд.
Мозокот на тимот на Манчестер Сити изгледа е воодушевен што Халанд ќе пристигне на „Етихад“, па не би требало да имаат проблеми со приспособувањето.
![]()
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



