Поврзи се со нас

Фудбал

Што мислеше Сетиен кога му рече на Меси: „Ако не ти се допаѓа ова што го зборувам, таму ти е вратата“

Шпанските медиуми вчера објавија дека Кике Сетиен добил отказ во Барселона поради вербална пресметка со Лионел Меси.

Кадена СЕР објави дека судирот помеѓу Меси и Сетиен се случил на натпреварот помеѓу Селта и Барселона, кој завршил 2:2. Наводно, кога одел во соблекувалната, Меси му рекол на Сетиен дека главните sвезди во тимот најмногу се прашуваат и дека не смее да ги игнорира.

Но, тоа не му се допадна на тренерот на Барселона, велејќи: „Ако не ти се допаѓа ова што го зборувам, таму ти е вратата“. Сепак, Каталонски Спорт утрово објави друга верзија на оваа приказна.

Тие потврдија дека Сетиен навистина му рекол на Меси дека знае каде е вратата ако не е задоволен од својата работа, но тој не сметаше на излезната врата од клубот во кој Аргентинецот ја помина целата своја кариера.

Наводно, Сетиен мислел на „вратата на управувањето“ и фактот дека Меси може да му се јави на Бартомеу ако не е задоволен од неговата работа и да побара од клубот да најде нов тренер.

loading...

Facebook