SportM
Фудбал

Што мисли легендарниот Ривалдо за пристигнувањето на Пјаниќ во Барселона?

Д М16 мај 2020
Што мисли легендарниот Ривалдо за пристигнувањето на Пјаниќ во Барселона?

Потенцијалниот трансфер на Миралем Пјаниќ во Барселона го коментираше и легендарниот бразилски фудбалер Ривалдо.

Познато е дека Ривалдо најголемиот дел од кариерата ја поминал во Барселона, па дури и денес кога се пензионира ги следи настаните на „Камп Ноу“, па коментираше шпекулациите за заминувањето Пјаниќ во Барса

Најдобриот играч на светот од 1999 година смета дека Пјаниќ не треба да биде приоритет за Барселона во овој момент.

„Гласини кружат дека Барселона можеби е заинтересирана за Пјаниќ. Иако тој е добар играч, мислам дека клубот треба да се фокусира повеќе на сегашноста и на она што сè уште треба да се направи во Ла Лига оваа сезона“, рече Ривалдо.

„Ќе дојде време да се размислува за трансфери, особено затоа што некои играчи мора да заминат за да отворат место, затоа што нема смисла некои да останат и потоа да немаат шанси“.

Тој продолжи …

“Јувентус е заинтересиран за потенцијална размена помеѓу Пјаниќ и Артур Мело и секако, мислам дека Бразилецот би бил идеално засилување за Италијанците бидејќи тој е играч од светска класа. Но, мислам дека е најдобро за него да остане во Барселона. Тој е млад, тој дојде неодамна, само треба да го покаже својот потенцијал “.

Се шпекулира дека, покрај Барселона, за услугите на Пјаниќ се заинтересирани и Челзи.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.