SportM
Фудбал

Што направи најбогатиот клуб во светот за 100 милиони? Нема место за второто најскапо засилување

Д М2 фев 2022
Што направи најбогатиот клуб во светот за 100 милиони? Нема место за второто најскапо засилување

Очите на повеќето љубители на фудбалот за време на зимскиот преоден рок беа насочени кон она што го прави најбогатиот клуб во светот.

Пред неколку месеци овој пофален епитет го носеше Њукасл Јунајтед откако беше купен од саудиски фонд на чело со Мохамед Бин Салман, човек тежок околу 13 милијарди евра.

Њукасл Јунајтед за време на јануарскиот фудбалски пазар потроши „скромни“ 100 милиони евра со пет засилувања.

Доаѓањето на големите фудбалски ѕвезди беше очекувано, но вакво сценарио не претстоеше, а најмногу пристигнаа играчи од клубови кои се далеку од европскиот врв.

Најскап беше Бруно Гимараеш кој пристигна од Лион за 42 мил. Според реакциите, овој трансфер е меѓу најдобрите во јануари, веднаш до оној на Душан Влаховиќ и Луис Дијаз.

Мет Таргет беше позајмен од Астон Вила, Ден Бурн и Киеран Трипиер дојдоја за  по 15 милиони, од Брајтон и Атлетико Мадрид.

Крис Вуд беше платен 30 милиони Барнли, а второто најскапо засилување најверојатно нема ни да игра во стартниот состав.

Според прогнозите „Страчките“ под водство на Еди Хау, во вториот дел од сезоната ќе играат во формација 4-3-3, а интересно е што нема место за Вуд.

Меѓу стативите е Дубравка, додека одбранбената линија ќе ја сочинуваат Трипие, Бурн, Лашел и Таргет.

Средниот ред е резервиран за Шелви, Гимараеш и Жоелинтон, додека на удар се Фрејзер, Вилсон и Сент Максимин.

Њукасл Јунајтед се наоѓа во опасната зона пред вториот дел од сезоната со само 15 бода од 21 натпревар. Ќе мора да бидат многу подобри на пролет ако не сакаат да испаднат. За викендот ќе се сретнат со директниот ривал за опстанок, тимот на Евертон.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.