Connect with us

Фудбал

Што се случува кога Германците ќе загубат на стартот на Мундијалот?

Германската фудбалска репрезентација денеска доживеа непријатен и сензационален пораз од Јапонија со резултат 2:1 , во првото коло од групата Е на Светското првенство во Русија.

Во оваа група се и Шпанија и Костарика, а јасно е дека избраниците на Ханси Флик веќе се во голем проблем околу пласманот во следната фаза.

Германија денеска го доживеа третиот пораз на стартот на Мундијалите во својата историја.

Тоа и се случи првпат во 1982 година во Шпанија, кога загуби од Алжир со 2:1. На крајот, Германците сепак отидоа во финалето на тој турнир, каде што загубија од Италија.

Вториот пораз им се случи пред четири години во Русија, кога како актуелен шампион загубија од Мексико со 1:0. Подоцна ја победија Шведска, а потоа загубија од Јужна Кореја и се вратија дома.

Така, Германците се поразени на три од последните четири натпревари на Мундијалот, имаат дуел со Шпанија и доколку загубат таму веројатно ќе почнат да ги пакуваат куферите.

И уште нешто. Германците првпат загубија по Светското првенство во 1978 година на мечот со Австрија (2:3) кога водеа на полувремето.

Оттогаш, Германија поминаа 21 натпревар, кога водеше на пауза – и не загубија.

Многу работа за Ханси Флик, ќе мора да ја сврти ситуацијата, бидејќи тоа што го одигра денеска Германија не навестува добро…

Facebook

Реклама