Што се случува со Бејл? Ниту Мурињо не го знае одговорот на тоа прашање

Синоќа можевме да уживаме во спектаклот што ни го подготвија играчите на Евертон и Тотенхем во ФА купот, во кој Карамелите по продолжението славеа со дури 5:4.
Вистинската резултатска клацкалка се виде во текот на целиот натпревар, што конечно го реши во дополнителните минути бразилецот Бернард и со тоа го испрати Евертон во четвртфиналето.
Двајцата тренери ги испратија своите најдобри играчи на теренот, но немаше место за Герет Бејл.
Велшанецот има регистрирано само 15 натпревари од враќањето во редовите на „петлите“ од Реал, и сè уште не ги има собрано сите 90 минути во Премиер лигата за својот старо-нов клуб.
Ова беше поради повредите, како и некои работи надвор од теренот, а Жозе Мурињо се обиде да ги реши сомнежите во сето тоа.
“Герет не играше против ВБА во неделата. Следниот ден малку се изненадив затоа што тој сакаше да оди на скенирање на коленото затоа што не се чувствуваше пријатно на едниот мускул, па не тренираше тој ден. Потоа тој тренираше со тимот во вторникот, но тие ме информираа дека, тој сака да ја засили областа што не се чувствува многу добро, затоа не беше во тимот. Не е јасна повредата. Би рекол дека тој се чувствува непријатно, тој не беше ни 100 проценти, бидејќи пропушти тренинг, но не можеме да зборуваме за повреда.“– се зборовите на Португалецот.



